Путин нареди вежба на руските стратешки нуклеарни сили

192

По наредба на рускиот претседател Владимир Путин, вчера се одржаа вежби на руските стратешки нуклеарни сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

– Вежбата на стратешките нуклеарни сили е одржана на 11 октомври 2018 година по наредба на претседателот на Русија и врховен командант Владимир Путин, се наведува во соопштението.

Министерството за одбрана додава дека руските подморници и авионите на руското Воено воздухопловство вежбале лансирање ракети над Баренцовото и Охотското Море. 

Во соопштението се наведува дека рускиот систем за рано предупредување од балистичките ракети ги открил сите вчерашни лансирања и успешно ги проследил податоците до командните центри.