Путин и Ердоган телефонски разговараа за тензиите во Идлиб

39

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска преку телефон разговараа за Сирија, како и за растечките тензии во провинцијата Идлиб, соопшти Кремљ.

Ердоган и Путин се согласија дека е неопходно целосно да се исполнат руско-турските договори за Сирија.

– Двајцата лидери разговараа за различни аспекти на активности насочени кон решавање на сириската криза – се вели во соопштението на Кремљ.

Нагласено е дека телефонскиот разговор бил инициран од Анкара.