Путин ги промени имињата на десетици руски аеродроми

200

Рускиот претседател Владимир Путин донесе декрет со кој е предвидено десетици аеродроми во земјата да ги променат имињата.

Трите најпрометни аеродроми во Москва Шереметјево, Домодедово и Внуково, ќе бидат преименувани и ќе добијат имиња по писателот од 19 век Александар Пушкин, научникот Михаил Ломоносов и советскиот дизајнер на авиони Андреј Туполев.

„Дојче веле“ наведе дека околу 40 аеродроми во Русија добиле нови имиња.