Путин: Ако Киев ја затвори границата, во Донбас може да се случи нова Сребреница

563

Затворањето на границата меѓу Украина и двете самопрогласени републики на истокот од Украина, без да се осигура заштитата на граѓаните на Донбас, може да доведе до нова Сребреница, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Спутник“.

-Украинската страна постојано инсистира да ги пуштиме украинските војници во близина на границата. Можам да замислам што би се случило потоа. Би се повторила Сребреница – рече Путин.

Коментарот доаѓа од средбата на Путин со неговиот украински колега Владимир Зеленски во рамките на самитот на Нормандиската четворка во Париз.

Рускиот претседател исто така изрази изненадување од отсуството на Закон за амнестија по конфликтот во Донбас иако разговорите за таков закон циркулираат уште од 2015 година.

Украина инсистира да ја преземе контролата над руската граница со Донбас пред изборите во регионот. Сепак, ова е во спротивност со договорите од Минск кои предвидуваат прекин на огнот, ослободување на заложниците, повлекување на вооружените сили и создавање автономни региони во земјата уништена од војната.