Пукање кај руската Федерална служба во центарот на Москва

147

Најмалку три лица загинаа во престрелка што се случи вечерва во центарот на Москва, во близина на зградата на Федералната служба за безбедност, јави „Раша тудеј“.

Еден службеник од ФСБ е убиен за време на пукањето, потврди портпаролот на ФСБ. Руските медиуми пренесуваат дека петмина се повредени, меѓу кои двајца службеници.

Според првичните извештаи, убиен е човек што пукал кон зградата на ФСБ и бил вооружен со автоматска пушка. Засега не е познато што точно се случило.