Пукање во училиште во Лос Анџелес

69

Канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес, САД соопшти дека имало пукање во средното училиште Саугус, при што едно лице загина, а шестмина се повредени. Како што јавуваат агенциите, во нив пукал ученик, при што е застрелана жена, која им подлегнала на повредите. Осомничениот за убиството е приведен и се наоѓа во болница. Нема информации за неговиот идентитет.
        
– Избегнувајте ја областа. Осомничен е млад човек од Азија облечен во црно. Тој последен пат беше виден во училиштето – соопштија надлежните, додавајќи дека полицајците се на терен.
        
Според АП, повикувајќи се на изјава на властите, во пукањето се повредени шест лица.Не е познато дали се работи за прострелни рани или други повреди. Надлежните соопштија дека училиштето е затворено, како и две блиски основни училишта.