Пукање во Торонто, еден убиен, 14 ранети

450

Едно лице е убиено, а 14 се ранети во оружен инцидент во Торонто, при што и напаѓачот бил застрелан, објави полицијата по инцидентот што се случи ноќеска во најголемиот канадски град.

Една од повредените се наоѓа во критична состојба.

– Ги истражуваме сите можни мотиви…ништо не исклучуваме – изјави шефот на полицијата Марк Саундерс.

Спасувачки екипи се наоѓаат во делот на Торонто преполн со кафулиња и популарни ресторани, каде што се случи инцидентот.

Според полицијата, напаѓачот користел пиштол.

Во Торонто оваа година е забележан огромен раст на насилствата во кои се користи оружје. Досега само за половина година се регистрирани 26 убиени, што е пораст од 53 отсто во однос на истиот период лани.