Пукање во близина на Белата куќа прекина прес-конференција на Трамп

168

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На новинарите им било речено да ја напуштат просторијата.

– Имаше пукање пред Белата куќа – рече Трамп, заблагодарувајќи се на Тајната служба за брзата реакција, пренесува Си-ен-ен.

„Се чувствувам многу безбедно со тајната служба, тие се фантастични луѓе, тие прават сé што можат, тие се високо обучени“, им рече Трамп на новинарите.

Тој додаде дека не е сигурен колку блиску бил напаѓачот, но дека има доверба во тајната служба.

– Би сакал да се заблагодарам на тајната служба за нивната секогаш брза и многу ефикасна работа. Имено, имаше пукање и некој беше однесен во болница – рече Трамп.

Како што додаде, се чини дека лицето било застрелано од тајната служба „но дека, ќе видиме што се случува“. Трамп рече дека не знае во каква состоба е ранетиот.

Портпарол на високата администрација потврди за Си-ен-ен дека лицето коешто пукало е во притвор.