Протест во Молдавија за обединување со Романија

142

Неколку илјади демонстранти вчера се собрале во молдавскиот главен град Кишињев да бараат обединување на нивната земја со Романија.

Демонстрантите носеле романски знамиња и транспаренти со кои повикувале Бесарабија, како што е старото име на Молдавија, да се спои со Романија.

Собирот се организирал на стогодишнината од обединувањето на Романија и Молдавија по Првата светска војна. На собирот учествувале и политичари од Романија.