Протести на „жолтите елеци“, полицијата употреби солзавец

73

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Франција на протести на граѓанското движење „жолти елеци”, а во Тулуз избија судири меѓу полицијата и демонстрантите поради што чуварите на редот употребија солзавец.

Движењето „жолти елеци” денеска ги продолжува демонстрациите ширум Франција, 22-та сабота по ред, со најголем собир во Тулуз, град кој движењето сака да го поставите како „престолнина на жолтите елеци.”

Собирите почнаа и во други градови, вклучително и во Бордо и Париз. Неколку стотици луѓе се собраа во главниот град на Франција.

Во Лил, Лион и Руан, забранети се протести во центарот на градот.
Аполитичното движење „жолти елеци” од 17 ноември протестира против општата политика на претседателот Емануел Макрон. Протестите, чиј број варира секоја сабота, не престануваат и покрај владините отстапки и големата национална дебата на Макрон, која ја започна за да ја разреши кризата.