Протекоа 76 милиони податоци од министерството за внатрешни работи на Австрија

35

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од сајтот „Буре без дно“, дошло до масивно протекување на полициски податоци.

Во едно писмо од министерството, до кое дошол сајтот, се наведува дека надворешни програмери имале неконтролиран пристап до 76 милиони полициски податоци.

Меѓу податоците до кои можеле да дојдат биле полициски пријави, протоколи за сослушувања на сведоци и осомничени, тајни документи, национални и меѓународни криминалистички податоци, како и информации од Шенгенскиот информативен систем.

Надворешните програмери, според писмото, можеле без никаков надѕор да гледаат кои сакале од податоците. Интересно е тоа што сите активности кои следел директно на датотеките останале без протокол и дека немало никаков надѕор од надлежните.

Многу административни програми на министерството се поставуваат и сервисираат од страна на надворешни компании.