Пронајдено тело на уште една жртва од несреќата на Дунав

21

Унгарската полиција соопшти дека пронашла уште една жртва од превртувањето на туристичкиот брод на Дунав на 29 мај во Будимпешта, со што засега, потврдена е смртта на 20 лица.

По седум туристи од Јужна Кореја, како и по капетанот на бродот и понатаму се трага, наведе унгарската полиција, пренесе „АП“.