Пронајдено телото на магионичарот кој скокна во река врзан со синџири

415

Индиската полиција го пронајде телото на магионичарот кој врзан со синџири беше спуштен во река обидувајќи се да го изведе познатиот трик на Худини. Чанчал Лахири (42) исчезнал во неделата попладне.

Поентата на целата точка била магионичарот да се ослободи од синџирите и да отплива на сигурно. Меѓутоа, тој не испливал од реката.

Набљудувачите на настанот ја известиле полицијата за исчезнувањето на магионичарот, која веднаш почнала потрага.

„Гардијан“ објави дека тој пред насобраната публика рекол:„Ако можам да се ослободам – тоа ќе биде магија. А ако не успеам – тоа ќе биде трагедија“.

Сè уште врзано со челични синџири, неговото тело испливало на брегот на реката на еден километар оддалеченост од местото каде што почнал да го изведува трикот.

Ова не е првпат Лахири да се обиде да изведе трик под вода. Пред 20 години тој се спуштил во река врзан во стаклена кутија. Тогаш трикот го направил успешно.