Пронајдено и дванаесетто тело од несреќата во Будимпешта

433

Полицијата соопшти дека пронајде и телото на дванаесеттиот од 28 загинати јужнокорејски туристи, една недела откако брод се преврти и потона во реката Дунав во Будимпешта.

Телото на човекот беше пронајден доцна во вторникот на 60 километри од главниот град на Унгарија, соопшти полицијата.

Бродот „Мрмејд“, кој превезуваше 33 туристи од Јужна Кореја и двајца Унгарци кои беа дел од екипажот, потона во средата минатата недела откако се судри со брод за крстарење.

Седум Корејци преживеаја, 12 се пронајдени мртви и уште 16 лица, вклучувајќи го и екипажот, сè уште се водат за исчезнати.

-Потрагата продолжува на целиот јужен тек на Дунав- се вели во изјавата на полицијата.

Јужнокорејските и унгарските тимови за спасување поставија бази на брегот на реката, како и на блискиот остров Маргарет.

Јужна Кореја побара од Унгарија да не го ослободува 64-годишниот украински капетан на бродот за крстарење. Неговите адвокати тврдат дека капетанот не направил ништо погрешно.