Промена на името „737 макс“ за спас од црното минато

696

Компанијата „Боинг“ го промени името на моделот „373 макс“ кој треба да биде доставен на авиопревозникот „Рајанер“, со што дополнително се засилија шпекулациите дека произведувачот и авиокомпаниите целосно ќе го ребрендираат контроверзниот модел, пренесува „Гардијан“.

Светските медуими објавија фотографии од производствениот погон на „Боинг“, на кои може да се забележи дека името на моделот „737 макс“ е променето со „737-8200“ на предниот дел на авионот.

Моделот „737 макс“ се уште нема дозвола за летање по двете катастрофални несреќи во Индонезија и Етиопија каде загинаа 346 луѓе, а „Боинг“ се уште ги нема убедено регулаторните тела дека промените на неговиот софтвер, кој се сметаше за клучен за падот на двата авиони, се доволни за тој да биде безбеден.

Авиокомпанијата „Рајанер“ има нарачано 135 авиони од моделот, а првите пет од оваа нарачка треба да бидат доставени оваа есен. Ирската компанија немаше никаков коментар во однос на промената на името на моделот, ниту пак „Боинг“ не даде изјава дали и други компании се одлучиле да го ребрендираат контроверзниот модел.