Проектил утрово падна во близина на кипарската престолнина Никозија

97

Залутана ракета се сруши утрово во близина на престолнинаната на Кипар, Никозија, соопштија турските претставници на островот, пренесува „Ројтерс“.

Експлозијата се случи околу 1 часот во регионот Ташкент, познат како Воуно, на 20 километри североисточно од Никозија.

Брдото на кое паднал проектилот се запалило. Претседателот на непризнаениот северен дел од Кипар, Мустафа Акинџи, оцени дека инцидентот е поврзан со воените операции на Блискиот Исток, но додаде дека воената истрага ќе утврди што е во прашање.

– Очигледно е дека тоа не потекнува од нашите територии. Ова е една од лошите страни на војната – изјави Акинџи.