Продолжува ловот на дронови во Ормутскиот Теснец

113
Американскиот воен носач „УСС Боксер“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, обелодени дека американската морнарица срушила ирански дрон во Ормутскиот Теснец, пренесуваат светските медиуми. Минатиот месец, Иран сруши американски воен дрон во овој регион.

Тој рече дека воениот брод „УСС Боксер“ преземал „одбранбена акција“, откако дронот се доближил на околу 1 километар до бродот. Од друга страна, иранските власти посточија дека немаат информација дека нивни дрон е срушен.

Претходно, Техенран објави дека заплени странски танкер и сите 12 лица од посадата, за шверц на нафта во заливот.

САД ги обвини Иран за нападите на танкерите кои се случуваат во регионот уште од месец мај, а Техеран досега ги отфрли сите обвиненија. Неодамнешните инциденти во овој нестабилен регион од светот, според многу експерти и познавачи на состојбите, би можеле да предизвикаат воен конфликт во заливот.