Продолжуваат протестите ширум Франција против високите цени на горивата

123

По неколкуте протести на „жолтите елеци“ кои изминатите два дена протестираат заради зголемувањето на цените на горивата, денеска повторно го блокираа сообраќајот во Франција, а утрово се блокирани складиштата со гориво.

Блокадите продолжија и во текот на ноќта и тоа на наплатните куќарки на автопатиштата, трет ден по ред, а за првпат се блокирани и складиштата со нафта.

Припадниците на цивилното општество се мобилизирале против зголемувањето на цената на горивото што потоа прерасна во глобална осуда на политиката на владата во делот на оданочувањето и намалувањето на куповната моќ.