При турски воздушни удари неутрализирани 12 членови на ПКК

162

Најмалку 12 членови на Курдската работничка партија ПКК се наутрализирани при воздушни удари на турската армија во југоисточниот дел на Турција и во Северен Ирак, пишува весникот „Милиет“, повикувајќи се на соопштение на турскиот Генералштаб на Твитер.

Во соопштението се прецизира дека неутрализираните членови на ПКК подготвувале напад врз турски војници.