Принцот Филип имал сообраќајна несреќа

244

Принцот Филип, 97-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета Втора, имаше сообраќајна несреќа во близина на имотот Сандрингам, источно во Англија, но не е повреден, соопшти Багингемската палата.

– Војводата од Единбург попладнево учествуваше во сообраќајна несреќа со други возила. Војводата не е повреден. Несреќата се случи во близина на имотот Сандрингам – се наведува во соопштението.

Би-Би-Си јави дека принцот Филип возел „ренџ ровер“ и дека друго возило се превртело по сударот.