Приведени 191 војник во Турција, осомничени за државен удар

159

Турските власти одредија притвор на 191 припадник на армијата, поради сомневање дека се поврзани со мрежата за која Анкара тврди дека организиралала неуспешен пуч во 2016 година, објави државната новинска агенција Анадолија.

Полициската операција била спроведена во 22 провинции.

Се верува дека осомничените, од кои повеќето сè уште работат во армијата, биле во контакт со следбениците на Фетулах Ѓулен, кој е осомничен дека е главен организатор на пропаднатиот пуч и дека тие биле привилегирани при приемот во воените училишта.