Претставници на ЕУ се сомневаат дека биле прислушувани од британските служби

36

Претставници на ЕУ вклучени во преговорите за Брегзит се сомеваат дека биле прислушувани од британските тајни служби, тврди лондонски „Дејли Телеграф“.

Сомнежот првпат се појавил кога членката на европскиот преговарачки тим Сабине Вејанд им посочика на своите колеги дека и е чудно како Британците имаат информации кои биле наваедни во доверлив документ што им бил доставен од Европската комисија на 6 јули.

Во документот биле изнесени негативни оценки на Еврокомисијата за задржувањето на заедничкиот пазар со Велика Британија.

Само неколку часа по доставувањето на документот до преговарачите, британската Влада на највисоко ниво побарала од Европската комисија да не ги обелоденува податоците наведени во него, тврди „Дејли Телеграф“, без да прецизира што подразбира под терминот „на највисоко ниво“.

По ова, според весникот, двете страни преземале мерки за заштита од прислушување за време на преговорите што ќе се одржат денеска во Брисел.

Властите на ЕУ им ги одзеле мобилните телефони и електронските уреди на Британците, а членовите на британската делегација се донеле сопствени печатачи.