Претседателот на француското собрание под истрага за финансиска измама

50

Претседателот на француското национално собрание, Ричард Феранд, кој е близок со претседателот Емануел Макрон, се најде под истрага за финансиска измама, објавија од собранието, пренесува „Евроњуз“.

Во изјавата објавена во четвртокот се вели дека Феранд, кој ја негира вината, ќе ја искористи постапката за да се одбрани и дека тој е сигурен оти случајот бргу ќе биде затворен.

Според фрнацускиот закон, отворањето формална истрага значи дека постојат сериозни или постојани докази кои укажуваат на веројатна вмешаност на осомничениот во некаков криминал.

Истрагата претставува чекор кон судење иако многу истраги биле затворени, без да завршат на суд.