Предвремени парламентарни избори во Украина

25

Во Украина, денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, каде што партијата на новиот претседател Владимир Зеленски се очекува да го освои мнозинството гласови.

Анкетите пред изборите покажуваат дека неговата партија би можела да ја освои довербата на нешто повеќе од половина гласачи, објави агенцијата АП.

Сепак, само 225 од 424 места во украинскиот Парламент се избираат од партиските листи, додека останатите се самостојни мандати чиј распоред би можел да биде различен од јавното мислење.

Зеленски, кој беше избран за претседател во мај, распиша предвремени избори три месеци пред закажаниот датум, бидејќи во парламентот мнозинството го имаат неговите политички противници кои му го ограничуваат капацитетот за спроведување реформи.