Прв состанок на Советот НАТО-Русија по случајот „Скрипал“

280

НАТО во четврток првпат ќе одржи официјални разговори со Русија од обидот за убиство со труење на поранешниот двоен агент на Кремљ и Велика Британија, во момент кога сè повеќе растат тензиите со Москва, јави АФП.

– Состанокот на Советот НАТО-Русија ќе се одржи на 31 мај – соопшти Оана Лунгеску, портпарол на Алијансата.

Овој седми по ред состанок во последните две години ќе биде посветен на конфликтот во Украина.