Прво дете заразено со коронавирус во Италија

216

Девојче од Италија, кое има четири години е заразено со коронавирус, јавија денеска италијанските медиуми.

Детето доаѓа од местото Кастиљоне дe Ада во Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаaт во црвената зона на заразата во северна Италија.

Девојчето е хоспитализирано, има благи симптоми на грип и не е во сериозна состојба.

Се верува дека таа го добила вирусот во болница во Кодоњо каде бил хоспитализиран првиот човек заразен со коронавирус во земјата.

Црвената зона во северна Италија е под полициско обезбедување 24 часа на ден за да се спречи неконтролирано излегување и влегување во областа на епидемијата.

Според достапните податоци, едно село со околу четири илјади жители е најпогоденото место од вирусот, кој сега го нарекуваат и ковид-19, бидејќи во моментов таму се заразени околу 40 луѓе.

Децата имаат помала веројатност да заболат од коронавирус, но сè уште не е јасно зошто е тоа така.