Пратеници се степаа во Парламентот на Шри Ланка (видео)

36

Пратениците во Парламентот на Шри Ланка се степаа поради спорот околу тоа дали законодавниот дом има право да го разреши премиерот од должност.

Премиерот на Шри Ланка, Махинда Раџапакса тврди дека претседателот на Собранието нема право да го отстрани од функцијата со поединечно гласање на пратениците во Парламентот. 

Претседателот на парламентот, Кару Џајасурија истакна дека Шри Ланка нема влада и премиер на денешната парламентарна седница, по вчерашното гласање за недоверба на Раџапакса.

Повеќе од 20 пратеници се степаа на денешната парламентарна седница, од кои некои беа турнати на под и удирани од нивните противници. Некои поддржувачи на Раџапакса почнаа да замавнуваат кон своите колеги со шишиња со вода и канти за отпадоци, по што претседателот на Парламентот, Џајасурија , ја прекина седницата. 

Раџапакса посочи дека Парламентот не требал да го отстранува јавно и со поединечно гласање и повика да бидат свикани предвремени  избори.