По три месеца, отворен аеродромот во Триполи

21

Либиските власти го отворија главниот аеродром во престолнината Триполи, кој пред три месеца беше затворен поради жестоките борби.

Аеродромот „Митига“, единствен функционален цивилен аеродром во Триполи, беше затворен во септември. Мисијата на Обединетите нации тогаш соопшти дека четири проектили го погодиле подрачјето околу аеродромот, од кои едниот погодил авион кој превезувал аџии кои се враќале од Саудиска Арабија.

Судирите почнаа пред осум месеци кога борците од истокот, самонаречената Либиска национална армија, организира опсада за да го преземе главниот град од ослабнатата влада, која ја поддржуваат ОН.

Од 2015 година во Либија постојат две ривалски влади, една на истокот, а друга во Триполи.