По Северна Кореја, и Иран тестираше нова ракета

33

Иран успешно тестираше нова ракета, соопшти денеска лидерот на Револуционерната гарда, генерал Хосеин Салами.

Како што пренесе агенцијата „Тасним“ тој на групата свештеници им рекол дека тестот бил извршен вчера, но не изнел повеќе детали за оружјето ниту пак за самото тестирање, пренесе „АП“.

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, во четвртокот официјално го претстави противвоздушниот ракетен систем „Бавар-373“ што го разви Иран.

Новото оружје е претставено во ек на растечките тензии со САД кои се повлекоа од нулеарниот договор постигнат помеѓу Иран и големите сили, што предвидуваше откажување на Техеран од збогатувањето ураниум во замена за укинување на санкциите.