Радијацијата во Русија зголемена помеѓу четири и 16 пати по ракетната несреќа

485

Нивото на зрачење во рускиот град Северодвинск се зголеми меѓу 4 и 16 пати на 8 август, по несреќата за која властите открија дека настанала при тестирање ракета од морска платформа, објави денеска руската метеоролошка агенција.

Руското Министерство за одбрана најпрво објави дека заднинското зрачење останало на нормално ниво по несреќата во четвртокот, но градските власти на Северодвинск во северна Русија открија дека е забележан краток пораст на нивото на зрачење.

„Гринпис“ тврди дека нивото на зрачење е зголемено за 20 пати, додека руската метеоролошка агенција „Росџидромет“ денеска објави дека радијацијата се зголемила меѓу 4 и 16 пати.

Русија дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање ракети била нуклеарна и дека притоа загинале најмалку пет лица, пренесе АФП.