По извештајот на Малер, паѓа рејтингот на Доналд Трамп

181

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп оваа година падна на најниско ниво откако во четвртокот беше објавена редигирана верзија на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер, во рамки на  истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.

Според анкетата на Институтот Ипсос и агенцијата Ројтерс, спроведена непосредно по објавувањето на извештајот, рејтингот на Трамп е намален – односно од четврток попладне до петок изутрина изгубил три отсто од довербата на гласачите и сега изнесува 37 проценти.

Рејтингот на американскиот претседател беше 43 отсто откако главниот обвинител Вилијам Бар минатиот месец објави резиме од извештајот на Малер. Според новата анкета, 50 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп или некој од изборниот штаб соработувал со Русија за да влијае на резултатите од претседателските избори. Испитувањето на јавното мислење покажува дека 58 проценти од анкетираните се согласни дека тој се обидел да ја спречи истрагата за руското влијание на неговата администрација, 40 проценти веруваат дека Трамп треба да биде отстранет од функцијата, додека 42 отсто се против тоа.