Почна заседанието на Генералното собрание на Интерпол

82

Со учество на речиси 1.000 претставници од 173 земји, денеска во Дубаи почна заседанието на Генералното собрание на Меѓународната полициска организација (Интерпол).

Главна тема на собирот ќе биде улогата на полицијата во ерата на информатиката, при што ќе се разговара како напредната технологија ќе влијае на безбедносите закани во иднина и како полициските служби можат да одговорат на тие предизвици.

На ова 87-мо заседание на Генералното собрание треба да биде избран и нов претседател на Интерпол, а ќе се разгледуваат и барањата за прием во Организацијата на Вануату, Кирибати и Косово.