Почина Вини Мандела

375

Поранешната сопруга на првиот претседател црнец на Јужна Африка, Нелсон Мандела, Вини Мандела, почина на 82-годишна возраст, соопшти денеска нејзиниот личен асистент.

Вини Мандела, заедно со нејзиниот поранешен сопруг и бискупот Деземонд Туту, беше една од најпознатите борци против апартхејдот во Јужна Африка.

Вини Мадикизела Мандела е родена во местото Бизана на 26 септември 1936 година. Во 1958 година таа се мажи за лидерот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мандела.

По изборот на нејзиниот сопруг за претседател на Јужна Африка, Вини Мандела во 1994 година беше именувана за заменик министер за уметност, култура, наука и технологија.

Во март 1996 година се разведе од Нелсон Мандела, а истата година ја напушти и заменик министерската функција.

Во мај 2009 година првпат беше избрана за пратеник во јужноафриканскиот Парламент, а на таа должност беше реизбрана и во април 2014 година. Функцијата пратеник ја извршуваше се до нејзината смрт.

Од бракот со Нелсон Мандела, Вини имаше две деца.