Потерница за Црногорец што украл дијаманти на шеик во Венеција

182

Судот во Венеција издаде потерница за подгоричанецот Горан Перовиќ (55), член на организирана криминална група, која од Дуждевата палата украла дијаманти и накит во вредност од околу седум милиони евра, сопственост на катарскиот шеик Хамад бин Абдула ал Тани.

Весникот „Дан“ пишува, повикувајќи се на италијанските медиуми, дека Перовиќ во моментов е во Србија и е надвор од дофатот на италијанските власти, јавува ЦДМ.

Судот во Венеција веќе ги осуди државјаните на Хрватска што учествувале во грабежот, и тоа со поостри казни отколку што побара обвинителството.

Кражбата е извршена за време на изложба на накит и други вредни предмети на индиски артефакти од приватната колекција на катарскиот шеик Хамад бин Абдула ал Тани.

Адвокатот на Перовиќ смета дека неговиот клиент не може да се смета за бегалец, бидејќи нема конкретни докази дека тој има сознанија дека добил притвор во Италија.