Потврден прв случај на новиот коронавирус во Канада

156

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата.

Здравствениот систем во Торонто бил известен за првиот потврден случај на корона вирус кај личност која неодамна се вратила од Вухан, градот во Кина од каде почна да се шири заразата, се наведува во владиното соопштение.

Се додава дека заразеното лице е во болница и неговата состојба е стабилна, пренесе „Ројтерс“.