Посилен земјотрес почувствуван на југозападот на Иран, најмалку 30 повредени

660

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер го погоди југозападот на Иран, соопшти денеска националниот информативен центар за земјотреси.

Земјотресот се случил во раните утрински часови, а неговиот епицентар се наоѓал на околу 160 километри северозападно од градот Шираз, пренесува Ројтерс.

Здравствените власти соопштија дека 18 лица се хоспитализирани, а 13, по укажаната медицинска помош, се пуштени на домашно лекување.

Има прекини и во електричните и комуникациските линии во погоденото подрачје.