Пороен дожд во Лозана, улиците поплавени за 10 минути

108

Големо невреме го погоди ноќеска швајцарскиот град Лозана и околината, донесувајќи вода до коленици на улиците, поплавени продавници и куќи, но за среќа никој не е повреден.

Според метеоролозите, 4,1 сантиметар дожд наврнал за 10 минути, што е нов швајцарски рекорд, пренесе АП.