Поранешниот француски премиер и министри под истрага поради пандемијата

54

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуар Филип и двајца министри за здравство во врска со нивното управување со пандемијата. Пациенти заразени со коронавирус, лекари, затворски персонал, полиција и други француски државјани поднеле 90 тужби во последните месеци, главно поради недостиг на маски и друга опрема за време на пандемијата на ковид-19.

Судот надлежен за процесите против високи државни службеници соопшти дека отфрлил 44 од 90 тужби и дека 37 се уште се разгледуваат.

Девет судски спорови, кои, според Судот, заслужуваат истрага, биле поднесени против Филип, поранешниот министер за здравство Оливие Веран и поранешниот министер за здравство Ањес Бужин, кој беше на чело на одделот до 16 февруари. Тие се обвинети за „неуспех во борбата против катастрофата“, и се соочуваат со до две години затвор ако бидат осудени.

Неколку часа пред Судот да го објави започнувањето на истрагата, Владата предводена од Филип поднесе оставка. Францускиот претседател Емануел Макрон се определи за промени во владата по лошиот резултат на неговата центристичка партија на последните локални избори.

Владата на Макрон и Филип призна дека има недостаток на маски во земјата и дека имало други лоши потези за време на здравствената криза. Властите исто така беа критикувани за ненавремено спроведување на рестриктивни мерки.

Коронавирусната инфекција е потврдена во Франција кај повеќе од 166.000 луѓе, од кои скоро 30.000 починале.