Поранешен советник на Трамп осуден на казна затвор

45

Поранешниот дипломатски советник на Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос (31) осуден е на 14 денови затвор поради лажно сведочење во истрагата за можна соработка меѓу Москва и тим задолжен за кампањата на републиканскиот кандидат.

Тој доби и парична казна од 9.500 долари и една година условна казна со извршување работни обврски за општо добро.

Се изјасни за виновен во октомври 2017 година за лажно сведочење во ФБИ .