Поранешен министер на Малдиви обвинет дека зел поткуп за признавање на Косово

195
Ахмед Шахид

Поранешниот министер за надворешни работи на Малдиви, Ахмед Шахид е обвинет дека примил два милиона долари за признавање на независноста на Косово.

Медиумите на Малдиви јавија дека е покрената иницијатива со која се повикува Парламентот за истрага до решавање на прашањето.

Во предлогот поднесен до Парламентот се нагласува и изјава на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли со која признава дека трошел пари за лобирање за да се зголеми бројот на држави што го признале Косово, пренесоа приштинските медиуми.

Косовското МНР искоментира дека извештаите се внатрешно прашање на таа држава.

Малдиви го призна Косово во 2009 година.