Поранешен израелски министер призна дека шпиунирал за Иран

393
Гонен Сегев (средина)

Поранешниот министер во израелската влада Гонен Сегев доби затворска казна од 11 години откако призна дека шпиунрал за Иран, информираше израелското министерство за правда, а пренесе Си-ен-ен. Сегев, кој беше министер за енергетика во 1990-тите во Израел, наводно испорачувал информации за Иран додека работел како лекар во Нигерија.

Тој е обвинет за објавување на детали за официјални лица на Израл и за нивни безбедносни точки. Сегев беше уапсен во Екваторијална Гвинеа во мај и екстрадиран во Израел, а се изјасни за виновен за сериозна шпиунажа како дел од договорот кој го склучил со обвнителството.

Шеесетитри годишниот Гонен Сегев формално ќе биде осуден на 11 фебруари, а до сега нема никаква реакција или коментар од иранските власти. Уште од Исламската револуција во 1979 година, кога религиозните лидери дојдоа на власт, лидерите во Иран јавно повикуваа за целосна елиминација а Израел. Исто така, оваа земја не го признава Израел како држава и го смета за нелегитимен окупатор на муслиманска територија.

Во 2005 година, Сегев заработи пет годишна казна откако беше обвинет за обид за криумчарење на 30 илјади таблети екстази од Холандија во Израел, користејќи диполматски пасош со помината важност. Тој исто така ја загуби и лекарската диполма, но му беше дозволено да работи во Нигерија откако беше пуштен од затвор во 2007 година.

Внатрешната служба за безбедност на Израел, Шин Бет, во јуни потврди дека Сегев признал дека бил во контакт со членови од иранската амбасада во Нигерија во 2012 година и дека два пати го посетил Иран за да се сретне со соработниците од оваа држава. Тој наводно добил и специјален систем за комуникација за да испраќа кодирани пораки и да дава информации поврзани со енергетскиот сектор, безбедносни точки во Израел и за официјални политички и безбедносни информации.

Додека Сегев го призна делото за шпиунажа, тој наводно им рекол на истражувачите тека се обидел да ги „прелаже“ иранците и да се врати во Израел како херој. Иницијалното обвинение кое гласеше „помагање на непријателот за време на војна“ беше од отстрането од неговото обвиниение како дел од неговиот договор со судските власти.