Поранешен војник уапсен поради сомнение за серија на убиства во Кипар

111

Поранешен војник денес е притворен во Кипар, поради сомнение на полицијата дека бил вклучен во серија на убиства на медитеранскиот остров, пренесува „Јуроњуз“.

Се верува дека Кипарецот со грчко потекло бил вклучен во неколку сомнителни исчезнувања и убиства на седум жени.

Две женски тела се пронајдени во напуштен рудник на 14 и 20 април годинава, а се смета дека тие всушност се двете Филипинки кои беа пријавени за исчезнати во мај и август 2018 година.

Вчера, полицјата на Кипар пронајде тело на уште една жена на 13-тина километри од рудникот, но сѐ уште не успеа да го идентификува телото.

Полициски извори за „Ројтерс“ информираа дека постои можност за уште три потенцијални жртви според исказите на притворениот војник, кои полицијата уште ги нема лоцирано. Исто така, шестгодишното дете на една од жртвите исто така е исчезнато.

Дел од кипарските медиуми пренесоа дека осомничениот ги признал убиствата, но тоа уште не е потврдено.

Според пишувањата на „Јуроњуз“, досега на Кипар немало сериски убиства, но постои зголемен тренд на криминалот во земјата во изминатите неколку години. Последниот сличен случај на овој е двојното убиство по киднапирањето на две жени од Шведска и Украина, кој се случи во 1993 година. Обивинетите за двојното убиство служат доживотна затворска казна.