Поради јаглерод моноксид загинаа 16 работници во кинески рудник

20

Во кинески рудник за јаглен во југозападниот кинески град Чунгќинг загинале 16 лица и само едно е спасено.

Спасувачи биле повикани во рудникот откако 17 лица останале заробени внатре поради прекумерно ниво на јаглерод моноксид.

По операцијата за спасување, единствениот преживеан рудар бил испратен на лекување во болница.

Чунгќинг е голем град во кој живеат повеќе од 30 милиони луѓе.

Кина е најголем производител и потрошувач на јаглен во светот, а нејзините рудници некогаш важеа за едни од најопасните на Земјата.

Стандардите за безбедност се подобрија во последниве години, но несреќите продолжуваат. Во 2019 година забележани се 170 фатални несреќи во кинеските рудници за јаглен, кои довеле до 316 смртни случаи, се вели во официјалниот весник на комунистичката партија „Пиполс дејли“.