Поради торнадо, во Ајова, прогласена катастрофа

112

Гувернерот на американската држава Ајова Ким Рејнолдс прогласи катастрофа во четири области погодени од торнадо.

Овој потег на гувернерот овозможува да се искористат државните ресурси за да се санираат штетите што настанаа откако торнадо мина низ окрузите Ли, Маршал, Полк и Ван Бурен.

Националната метеоролошка служба соопшти дека најмалку едно деструктивно торнадо поминало низ централна Ајова, со ветрови кои дуваа со брзина од 144 метри на час.

Во невремето се повредени 17 лица.