Поради тајфун на Филипините, евакуирани 200.000 лица

36

Од крајбрежните и планинските области на Филипините, 200.000 луѓе се евакуирани поради опасност од поплавување и лизгање на земјиштето, бидејќи се приближува моќен тајфун кој вечерва ќе ја погоди земјата.

Станува збор за тајфунот Камури, 20-ти што ќе ги погоди Филипините оваа година.

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот, проследен со силен ветер од 165 километри на час, ќе го погоди островот Лузон.

Сите четири терминали во главниот град Манила ќе бидат затворени утре, поради претпазливост од 11 до 23 часот по локално време.

Службата за вонредни ситуации објави дека евакуирани се 200.000 луѓе од десетици провинции во јужниот дел на Лузон, пренесува Ројтерс.