Поради пукање кај Белата куќа прекинат брифинг на Трамп

38

Претседателот на САД Доналд Трамп завчера нагло беше изнесен од брифинг-просторијата на Белата куќа, поради пукање во близината на оградата на Белата куќа. Како што јави „Ројтерс“, агент на тајната служба го прекинала Трамп само неколку минути откако започнал брифингот за коронавирусот во САД, велејќи: „Господине, може ли да ве замолам да дојдете со мене?“

Според новинската агенција, претседателот Трамп и неговиот персонал потоа веднаш ја напуштиле просторијата каде што подоцна тој се врати и ја продолжи прес-конференцијата, велејќи дека ситуацијата се чини дека е под контрола. Трамп на прес-конференцијата подоцна истакна дека едно лице е однесено во болница и тој не ја знае состојбата на поединецот.

– Припадници на законот пукаа врз некого, се чини дека е осомничен. И осомничениот е на пат кон болница – рече Трамп. Подоцна е соопштено дека имало пукање и оти еден човек бил застрелан од службеник на тајната служба во близината на Белата куќа. Не се дадени дополнителни детали за пукањето.