Поради пожар евакуирани неколку градови на островот Гран Канарија

59

Околу 1.000 луѓе се спречени да се вратат во своите домови на шпанскиот остров Гран Канарија, откако неколку места беа евакуирани поради голем шумски пожар кои се шири кон националниот парк Тамaдаба и области популарни кај туристите, соопштија службите за итни случаи.

Пожарникарите користат авиони и хеликоптери за да се справат со пожарот на околу 30 километри од главниот град Лас Палмас, јавува „Ројтерс“.

Властите преку Твитер соопштија дека пожарот претставува опасност за националниот парк на западниот дел од островот, како и за неколку градови.

Според полицијата пожарот е предизвикан од апарат за лемење. Во саботата во врска со случајот беше уапсен 55-годишен маж.