Поради голем пожар прогласена вонредна состојба во град во Баварија

79

Властите на градот Розенхајм во југоисточниот дел на германската покраина Баварија попладнево прогласија вонредна состојба, поради пожарот што веќе неколку часа беснее во блискиот шумски предел, јави ДПА. 

Во гаснењето на огнот учествуваат 135 пожарникари и 30 припадници на планинската спасувачка служба, на кои им помагаат четири хеликоптери.

Поради пожарот властите ги затворија за движење туристичките патеки на блиската планина Шварценберг, што се наоѓа на германско-австриската граница.