Популистите во Италија поставуваат евроскептик како министер за Европа?

40

Популистите во Италија припремаат големо изненадување за Брисел, со се поголемата веројатност дека големиот евроскептик Алберто Бањаи ќе биде новиот министер на земјата за Европа, пишува „Блумберг“

Бањаи, пратеник од партијата Северна лига на контроверзниот Матео Салвини која го води италијанскиот комитет за финансии во Сенатот, е прв кандидат за позицијата за министер за Европа на Италија. Информациите ги пренесоа италијанските медиуми, а Бањаи не бил досапен за коментар.

Соработникот на Салвини, кој исто така работи и како негов советник, има напишано две книги со кои повикува на крајот на Европската монетарна унија. Тој беше избран за пратеник на минатите парламентарни избори во Италија минатата година.

Во моментов, Италија има привремен министер за Европа, откако Паоло Савона, кој е исто така е голем евроскептик, даде оставка од позицијата за да преземе работно место во приватниот сектор. Премиерот Џузепе Конте на следниот состанок на неговиот кабинет ќе одлучи ќе ја донесе одлуката за тоа кој ќе биде новиот министер за Европа.

Министерството за Европа работи на времжување на национлно ниво од однос на Европскиот легислативен процес и ја надгледува инкорпорацијата на законите на ЕУ во италијанската легислатива, како и координација на пазарни прашања.