Израел го затвори граничниот премин со Газа поради подметнатите пожари

65

Израел одлучи денеска да го затвори граничниот премин Карем Абу Салем, главната трговска рута на Појасот Газа, за сите влезови освен за хуманитарна помош и нафта, пренесува „Анадолија “.

– Карем Абу Салем ќе биде затворен за минување на целата стока, со исклучок на основната хуманитарна опрема и гориво – се вели во изјавата на Министерството за одбрана на Израел.

Израелската јавна радиодифузна корпорација соопшти дека министерот за правда, Бени Ганц, наредил затворање на преминот поради постојаното пуштање запаливи балони од страна на Газа.

Според израелските медиуми, повеќе од 30 пожари избувнале вчера како последица на пуштените запаливи балони во пет населени области во близина на израелската граница со Појасот Газа.

Карем Абу Салем е еден од трите главни гранични премини на Појасот Газа со Израел и Египет, па токму тука поминуваат повеќето стоки дневно.

Палестински официјален претставник кој не сакал да биде именуван, изјави дека израелските власти спречувале влез на градежни материјали на палестинската страна. Египет исто така го ограничува движењето во и надвор од Газа.

Вооружена група лансираше неколку ракети во морето во понеделникот по неколкуте размени на оган со Израел во последните неколку дена. Ракетите беа „порака“ до Израел дека вооружените групи во Газа нема да молчат пред израелската блокада.

Појасот Газа е под контрола на Хамас, една од двете најголеми политички партии во Палестина. Наведувајќи ги загриженоста за безбедноста, Израел одржува силна контрола над копнените и морските граници на енклавата.

Хамас и Израел водеа три војни од 2008 година. И покрај примирјето минатата година, поддржано од ОН, Египет и Катар, двете страни се напаѓаат спорадично со ракети, минофрлачки оган или со запаливи балони.